Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 30:30 против селекцијата на Австрија на денешниот контролен натпревар во Брегенц. И во двете полувремиња гледавме неизвесна битка со повремени менувања во водство на двете селекции.
На полувремето резултатот беше исто така нерешен, 15:15, но во вториот дел може да жалиме што не успеавме да ја зачуваме високата предност од 4 гола која ја имавме во средината на второто полувреме (20:24). Австрија со упорност и на наши грешки во нападот успеа да дојде во егал, па дури и да поведе во последниот напад со 30:29. Во последните 30 секунди Мартин Велковски изнуди седмерец, кој Филип Кузмановски го претвори во реми 30:30.
Прв стрелец беше Кузмановски со 10 гола, Митев имаше 5 гола, по три имаа Велковски и Николов.

