Актуелните шампиони на НБА, Оклахома Сити Тандер, станаа првиот тим во НБА лигата што обезбеди место во годинешниот плеј-оф. Нивната победа од 113-108 над Орландо Меџик се покажа како одлучувачка.
Оклахома Сити е на првото место во Западната конференција и има најдобар резултат во лигата со 54 победи и 15 порази. Инаку, ова е трета сезона по ред што Тандерси ќе играат во плеј-офот. Тие последен пат не успеаја да обезбедат место во разигрувањето во сезоната 2022/23. Од тогаш, трета сезона по ред се во трка за титулата.

