Author: saso

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, вели дека е резултат на заедништвото, а допрва доаѓаат вистинските предизвици за мадриѓани. „Ова е најважната фаза од сезоната. Важните натпревари доаѓаат еден по друг, и секој од нив се чувствува како финале. Очекувањата во Реал Мадрид се такви што сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите и да победиме. Ова е вкоренето во самата суштина на клубот. Растеме благодарение на овие очекувања, а тоа ни помага да играме најдобро што можеме. Беше убаво да го елиминираме Манчестер Сити; тие ни одзедоа неколку медали…

Read More

Машката ракометна македонска репрезентација денеска го имаше и официјалниот собир во пресрет на ЕХФ неделата, која што нашиот национален тим ќе ја искористи за да одигра пријателски меч на гости против Австрија. Дуелот се игра на 21 март, и е одлична можност за Лазаров уште еднаш да одработи добар дуел во кој ќе испроба нови варијатни, тактики и можни комбинации. „Треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека…

Read More

Од Фудбалската Федерација на Македонија на официјалната прес конференција за претстојниот бараж дуел за Мундијалот против Данска кој ќе се одигра на гости во Копенхаген на 26 март пренесоа информација дека билетите резервирани за нашите навивачи се речиси распорадени. Тоа значи дека Македонија на „Паркен“ ќе ја бодрат околу 1000 наши навивачи, членови на популарната „Фаланга“. Секако, тоа ќе биде уште еден голем плус за нас во овој историски дуел.

Read More

Во очекување на бараж дуелот со Данска за пласман на Светско првенство, новиот селектор Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери за дуелот со Данска.  Во изборот на Седлоски има промени во однос на претходните натпревари кои ги играше Македонија под водство на Благоја Милевски. Во репрезентативниот дрес се враќаат Бобан Николов и Љупче Дориев, додека новајлии ќе бидат Имран Фетаи од Шкендија, Дани Мусовски од Сиетл Саундерс и колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера кој игра за Борац Бања Лука. Список на повикани фудбалери на Македонија: Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски Одбрана:Езѓан Алиоски, Андреј Стојчевски, Себастијан Херера, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов, Висар Муслиу,…

Read More

Ракометарите на Вардар синоќа триумфално си заминаа од Битола. По победата над Еурофарм Пелистер, тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ го потенцираше извонредното издание во второто полувреме. „Првото полувреме игравме нервозно, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, губевме топки и промашувавме зицери, но бевме во мечот. Во овој дел поради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика. Во вториот дел се договоривме да се смириме, да продолжиме со добра одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, и дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите…

Read More

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го победи Русинот Даниил Медведев со 2-0, во сетови 7-6 (8-6), 7-6 (7-4). Мечот траеше еден час и 56 минути, во кој Синер се мачеше со рускиот тенисер, но успеа да победи по два тај-брека. Ова беше 16-ти дуел меѓу двајцата тенисери, а деветти триумф за Синер, кој за првпат во кариерата го освои турнирот во Индијан Велс. Италијанскиот тенисер ја освои својата 25-та титула во кариерата, а прва оваа сезона, со победата во Индијан Велс. Медведев, кој го елиминираше Карлос Алкараз во полуфиналето, остана на 23…

Read More

Навивачите на Манчестер Јунајтед прават притисок кон управата на клубот да го продолжи договорот со искусниот бразилски репрезентативец Каземиро на уште една година. На последниот меч викендов на „Олд Трафорд“, трибините кај најверните фанови на „црвените ѓаволи“ ечеа од песната „Уште една година, уште една година, Каземиро“. Сепак, на крајот на јануари, пред речиси пред два месеци, Јунајтед потврди дека Каземиро ќе замине на крајот од тековната сезона. Тоа беше одлука на клубот, а не на играчот, да не се активира продолжување на договорот за една година. Сега останува да се види дали клубот може да се премисли по одличниот…

Read More

Луис Хол во моментов е еден од најинтересните млади фудбалери на англиската фудбалска сцена, па не е ни чудно што скаути на неколку големи премиерлигашки тимови се обидуваат да го убедат младиот фудбалер од на лето да им се приклучи. Неговиот извонреден настап против Барселона се чини дека го изостри постоечкиот интерес кон нешто посериозно, а според англискиот печат скаути од Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд и неколку тимови од Ла Лига внимателно го следат младиот фудбалер на Њукасл. Сепак, Еди Хау го смета Хол за „камен-темелник на неговиот проект“, а клубот наводно подготвува нов договор со…

Read More

Арсенал го пречекува Баер Леверкузен утре во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ се вратија на победничките патеки во саботата со драматична победа од 2-0 над Евертон на стадионот „Емирати“. Фокусот на клубот сега ќе се префрли на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Леверкузен на „Емирати“. Арсенал имаше среќа што обезбеди нерешено 1-1 во првиот натпревар со доцниот пенал кој им помогна на „топчиите“ да израмнат на „Бај Арена“. Пред натпреварот, менаџерот Микел Артета би можел да направи четири големи промени во почетниот состав. Јуриен Тимбер заработи очигледна повреда на препоните во првото полувреме против…

Read More

Ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го привлекува вниманието на македонската спортска јавност, а денешниот дуел ќе има сериозно влијание и во битката за шампионската титула. Лидерот гостува во Битола и се надева дека ќе остане непоразен за да ја задржи предноста пред „зелено-белите“ во битката за шампионскиот наслов. Во интервјуто за Спортското радио 90.3 фм, еден од најдобрите вардарови ракометари, Јака Малус најави дека „црвено-црните“ се максимално мотивирани да го победат големиот ривал. „Им се реванширавме на Бенфика, истото се случи и со Кристијанштад, па сега мислам дека е време и за Пелистер, односно Битола. За вакво дерби…

Read More