Ракометарите на Вардар синоќа триумфално си заминаа од Битола. По победата над Еурофарм Пелистер, тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ го потенцираше извонредното издание во второто полувреме.
„Првото полувреме игравме нервозно, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, губевме топки и промашувавме зицери, но бевме во мечот. Во овој дел поради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика. Во вториот дел се договоривме да се смириме, да продолжиме со добра одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, и дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите моменти. Благодарност до Пелистер за фер и коректниот меч, имаше убава атмосфера, секогаш е добро да се игра во полна сала. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за шампионска одбрана за титула и тоа ни донесе два бода“, истакна Чупиќ.

