Author: saso

Екипите на ГРК Охрид и Алкалоид одиграа без победник 27:27 во првото дерби од оваа плејоф рунда во Суперлигата. Супер драматично и тензично беше соочувањето во салата „Билјанини извори“, а на крајот двата тима остварија резултат кој најмалку го посакуваа. Се играше цврсто, борбено од почеток до самиот крај, двата состави имаа добри и лоши моменти, имаа можност да водат, но и да бркаат негатива и на крајот се дојде до реми што значи две од трите битки на Охрид и Алкалоид во тековнава сезона завршија без победник (24:24, 28:24). Најдобар играч кај домаќините беше Дарко Ѓукиќ со осум гола,…

Read More

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски ќе ја претставува Македонија како единствен македонски натпреварувач на претстојното Светското првенство во сала, кое ќе се одржи од 20 до 22 март во Торун, Полска. Стојоски ќе настапи во дисциплината 400 метри, во која оваа сезона оствари одлични резултати во сала, потврдувајќи ја својата добра форма и подготвеност за настап на најголемата светска сцена. Неговиот настап е закажан на 20 март во 12:00 часот.

Read More

Уште еден негативен рекорд бележиме кај екипата на Челзи по вчерашниот „кикс“ во Париз. Имено, Челзи не примил пет гола во натпревар од Лигата на шампионите веќе 26 години. Екипата на Лиам Розениор загуби со 5-2 од ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето. Лондончани примија 5 гола во Лигата на шампионите само вторпат во историјата на клубот. Ова претходно се случи на натпреварот против Барселона (1:5) во април 2000 година.

Read More
NBA

Главниот тренер на Голден Стејт, Стив Кер, изјави дека лидерот на тимот, Стивен Кари, е загрижен што неговото долготрајно закрепнување од повредата на коленото никако да заврши. Голден Стејт објави дека плејмејкерот ќе пропушти уште најмалку пет натпревари во тековната сезона. „Стеф е вознемирен. Сака да биде на теренот за своите момци. Опоравувањето е бавно; никој не очекуваше работите да се одвиваат вака. Се обидуваме да се осигураме дека ќе се врати здрав и дека ќе може да ја заврши сезоната силен“, изјавил Кер.

Read More

Очекуваното враќање на Марко Верати во италијанската репрезентација нема да се случи за плеј-оф дуелите овој месец, бидејќи повредата на коленото го исклучи играчот од средниот ред од претстојните натпревари низ кои Италија бара место на Светското првенство. Според „Ла Република“, играчот од средниот ред на Ал-Духаил добил официјално писмо за повик пред клучните натпревари подоцна овој месец. Сепак, физичкиот проблем го принудил менаџерот Џенаро Гатузо да се откаже од плановите за реинтегрирање на поранешната ѕвезда на Пари Сен Жермен во составот на „Аѕурите“. Повредата му ја отвора вратата на Николо Писили од Рома, кој сега е водечки кандидат да…

Read More

Астон Вила наводно го следи закрепнувањето на Џејмс Медисон за кого подолго време има вистински интерес за трансфер. Според „Фудбал Инсајдер“, Медисон кој ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на пријателскиот натпревар на Тотенхем против Њукасл Јунајтед во Јужна Кореја, полека се опоравува и ова лето би можел да го смени клубот. Повредата го погоди истото десно колено кое претходно му предизвика проблеми за време на неговиот престој во Лестер Сити и го принуди да ги пропушти натпреварите на Спарс на крајот од сезоната, вклучително и финалето на Лигата на Европа. Ако Тотенхем по некоја случајност…

Read More

Интер го идентификуваше Александар Станковиќ како примарно решение за замена на Хакан Чалханоглу, бидејќи турскиот играч од средниот ред е блиску до заминување во текот на летото. Според „Газета дело Спорт“, „нероаѕурите“ се решени да ја исполнат клаузулата за откуп вклучена во договорот со кој 20-годишникот се приклучи на Клуб Бриж. Интер има фиксна опција да го врати играчот од средниот ред на „Сан Сиро“ за 23 милиони евра во текот на преодниот рок во 2026 година. Иако оваа сума се очекува да се зголеми на 25 милиони евра во 2027 година, раководството планира да ја финализира операцијата оваа година…

Read More

Светскиот шампион во тешка категорија, Александар Усик (24-0, 15 нокаути), преку социјалните мрежи ги потврди следните три борби во својата професионална боксерска кариера. Неговата следна борба предизвика многу контроверзии, бидејќи одлучи да ја брани својата светска титула во тешка категорија во WBC против кикбоксерот Рико Верховен (1-0, 1 КО), кој има само еден професионален меч и тоа пред 12 години. Неочекуваното дуо ќе се бори на 23 мај во близина на Големата пирамида во Гиза. Две недели претходно, единствениот друг светски шампион во тешка категорија, Фабио Вордли (20-0-1, 19 КО), го брани својот WBO појас од сонародникот Британец, Даниел Дубоа…

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Игор Тудор, ја објасни својата одлука да го замени голманот Антонин Кински во 17-тата минута од натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите (2:5). 22-годишниот Чех направи две грешки и прими три гола, по што Тудор во игра во внесе Гуљелмо Викарио. „Ова е многу ретка појава. Тренирам 15 години и никогаш не сум направил нешто вакво. Беше неопходно да се заштити и играчот и тимот. Неверојатна ситуација. Пред натпреварот, тој беше правилен избор. Тони е многу добар голман, Викарио беше под притисок. После тоа, лесно е да се каже дека одлуката била погрешна. Разговарав со…

Read More

Атлетико Мадрид синоќа постигна четири гола во првото полувреме од натпревар од Лигата на шампионите за првпат во својата историја. Мадридскиот тим го прегази Тотенхем со 5:2, а на полувреме водеше со 4-1. Претходно, единствениот шпански тим што постигнал четири гола во првото полувреме од натпревар од Лигата на шампионите беше Барселона, која го стори тоа двапати во 2009 година. Исто така Атлетико (М) урна рекорд за најбрзо постигнати три гола, откако до 15-тата минута беше 3:0.

Read More