Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за елиминациското коло во женскиот Куп на Македонија. Во оваа сезона наместо групна фаза, ќе се игра на елиминации, потоа четвртфинале и Ф4. Согласно пласманот, Чаир и Ѓорче Петров го скокаат елиминациското коло и ќе се вклучат во четвртфиналето. Петте останати екипи од Супер женската лига и седум екипи од Првата женска лига, ќе играат меѓусебе, а победниците од шесте пара ќе обезбедат место во четвртфиналето. Куп на Македонија, жени, ждрепка елиминации: Пелистер – Стружанка Астибо – Атлетик Овче Поле СУ – Деспина ЖРК Вардар – Ѓорче Петров 2…
Author: saso
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ се врати во Хрватска. По две шампионски титули во 2023 и 2024 година, Мекиќ повторно е играч на хрватскиот состав. Тој се враќа во дресот на Задар од екипата на Бор од Косово со која го раскина договорот неодамна. Мекиќ добро го познава тимот, играјќи и со дел од денешните кошаркари на хрватскиот состав. Како што објавија од клубот, тој потпишал договор со Задар до крајот на сезоната.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета би можел да има неколку од неговите редовни стартери назад во игра за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите во среда против Баер Леверкузен, откако неговиот силно ротиран тим успеа да извојува победа од 2-1 во натпреварот од ФА Купот во сабота против Менсфилд Таун. Квартетот составен од Деклан Рајс, Мартин Зубименди, Габриел и Давид Раја беа одморени пред мечот со Германците. Додека тинејџерската сензација Макс Дауман се врати по повредата на глуждот во тој натпревар, Артета сега има нови проблеми со физичката подготвеност откако двајца клучни играчи беа принудени да излезат. Еден…
Поранешниот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, би можел да го преземе Тотенхем доколку Игор Тудор добие отказ. Спарси исто така ја истражуваат опцијата за Роберто Де Зерби, кој неодамна го напушти Марсеј. На списокот на кандидати за клупата на Тотенхем, според „Тутоспорт“, се и Шон Дајч (поранешен тренер на Нотингем Форест), Рајан Мејсон (поранешен тренер на Вест Бромвич Албион) и Роби Кин (Ференцварош). По 29 кола, Тотенхем е на 16-то место во Премиер лигата, на еден бод од зоната за испаѓање.
Екипите на Вардар, Еурофарм пелистер, Алкалоид и Охрид ќе бидат учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет. Денеска со одигрувањето на последниот финален меч од групната фаза, екипата на Охрид го комплетираше составот на завршниот турнир. Охриѓани денеска беа подобри од МРК Куманово со 35:18. Вчера во преостанатите три финални дуели во четирите групи победи обезбедија и Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид. Останува да го очекуваме финалниот турнир на кој ќе се појават четирите најдобри состави и од домашниот шампионат.
Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го одигра клучниот натпревар во трката за место на Европско првенство 2026. По минималниот пораз од Белгија на гостински терен од 26-25, нашите ракометарки во Куманово (17 часот) ќе имаат шанса да и се реваншираат на оваа селекција и да ги задржат шансите како третопласирана репрезентација во групата да дојдат до место на завршницата на континенталниот собир. Словенија и Германија остануваат на првите две позиции во групата.
Наредната година Македонија ќе биде домаќин на еден голем ракометен настан каде ќе се соберат најголемите таленти од светот. Имено, Скопје и Македонија ќе бидат организатори на Светското машко младинско ракометно првенство во 2027 година, шампионат кој се одржи од 23 јуни до 4 јули. -На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена. -Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски…
По големата и вредна победа над Бенфика во претпоследното коло од главната фаза во ЕХФ Европската лига, Вардар обезбеди осминафинале, а анализа на мечот со Португалците направи и пикерот на „црвено-црните“, Милан Лазаревски. „Благодарни сме на публиката која беше присутна, навистина има енормна разлика кога играме дома и на гости, особено кога имаме ваква поддршка и среќен сум што ги израдувавме. Мило ми е што победивме, но имаме многу сегменти што треба да ги поправиме како и на доста натпревари досега. Имаме доста осцилации, а мислам дека ако сме малку подисциплинирани во некои моменти можеби ќе бидеме поубедливи на следните…
Англискиот шампион Ливерпул, синоќа доживеа нов пораз со гол во судиското продолжение на натпреварите. На гостувањето кај Вулверхемптон, последнопласираниот тим на табелата, „црвените“ беа поразени со 2:1 со гол кој домашните го постигнаа во последните моменти од натпреварот. Тоа беше петтиот пораз на Ливерпул во лигата оваа сезона, откако примија гол во судиското продолжение. Тие веќе испишаа анти-рекорд како тим коj има најмногу порази на таков начин од кој било тим во една сезона во целата историја на Премиер лигата. Листата на фатални моменти е долга; пораз од Кристал Палас во 97-та минута, од Челзи во 95-та, Борнмут во 95-та,…
Според „Телеграф“, Формула 1 ќе донесе одлука во наредните недели во врска со одржувањето на трките на Блискиот Исток. Следниот месец, викендите на трки се закажани во Бахреин и Саудиска Арабија – од 10 до 12 април и од 17 до 19 април, соодветно. Сепак, нивната организација би можела да биде комплицирана по ескалацијата на воениот конфликт меѓу Израел, САД и Иран, што резултираше со напади врз соседните земји. Во овој момент, раководството на шампионатот не планира да откаже ниедна трка; конечната одлука мора да се донесе пред крајот на Големата награда на Јапонија, која завршува на 29 март.
