Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го одигра клучниот натпревар во трката за место на Европско првенство 2026. По минималниот пораз од Белгија на гостински терен од 26-25, нашите ракометарки во Куманово (17 часот) ќе имаат шанса да и се реваншираат на оваа селекција и да ги задржат шансите како третопласирана репрезентација во групата да дојдат до место на завршницата на континенталниот собир.
Словенија и Германија остануваат на првите две позиции во групата.

