Најдобрата македонска скијачка, Јана Атанасовска, круниса уште еден историски викенд на ФИС трките во Рогла, Словенија. На првиот велеслалом, Јана покажа врвна форма и го освои високото 4-то место. Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош. Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 ФИС точки, што претставува нов македонски рекорд во дисциплина велеслалом. Успешната серија продолжи и на втората трка, каде во силна конкуренција Јана се пласира на 7-та позиција со освоени 39,99 ФИС точки.
Author: saso
Македонската фудбалска репрезентација денеска заминува за Копенхаген, каде в четврток од 20.45 часот се среќава со Данска во првиот меч од баражите за пласман на Светското првенство 2026. Селекторот Гоце Седлоски со своите избраници вчера имаше можност да одржи комплетен тренинг и полека да ја подготвува стратегијата за четврточниот дуел. Нашата селекција во Копенхаген утре ќе има простор да го одработи и официјалниот тренинг и да одржи редовна прес-конференција.
И данските репрезентативци од вчера се на собир во пресрет на дуелот со нашата репрезентација. Селекторот на данската репрезентација Брајан Ример изјави дека не размислува премногу за онаа ноќ во Глазгов пред четири месеци кога Данска доживеа пораз од 4:2 и не успеа да избори директен пласман на Мундијалот. „Имав принцип дека кога ќе се сретнеме има толку малку време така што не треба да почнуваме да копаме по нешто завршено. Но, тоа не значи дека не можеме да погледнеме некој видео клип или дека не можеме да разговарам за некои мали елементи. Мислам дека ќе биде ужасно ако не…
Возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, изрази загриженост дека новиот активен аеродинамичен систем, Straight Mode, би можел да доведе до голема несреќа при големи брзини. Според Шпанецот, режимот со отворени крила на патеки со брзи кривини создава прекумерни ризици. „SM е како фластер на фластер. Ако се тркате со испружени крилја на правци со 340 км/ч, порано или подоцна, на писта како австралиската, каде што има мали кривини, ќе имате голема несреќа при многу голема брзина. Места како Џеда, со отворени крила… не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа да морам да се тркам со 340 км/ч без притисок во…
Манчестер Јунајтед покажува интерес за играчот од средниот ред на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш. Клубот наводно го разгледува Бразилецот како потенцијална долгорочна замена за Касемиро. Според прелиминарните информации, можната вредност на договорот би можела да биде околу 80 милиони евра. Сепак, сè уште нема официјален договор меѓу клубовите; а преговорите се во тек. Оваа сезона, Бруно Гимареш настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и седум асистенции. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2028 година. Њукасл претходно најавуваше дека Бразилецот е костурот на тимот, но доколку Манчестер Ј. испрати довоно примамлива понуда нема…
Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во отсуство на неколкумина фудбалери кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први импресии ги сподели еден од новајлиите, Себастијан Херера од Борац Бања Лука. Тој истакна дека тимот треба да биде максимално мотивиран и да верува во сопствениот квалитет пред гостувањето во Копенхаген на 26 март. https://www.youtube.com/watch?v=TFFgvl_35tU „За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во…
Челзи нема намера да го отпушти Лиам Розениор, објави Фабрицио Романо. Лондонскиот клуб му верува на тренерот. Челзи разбира дека Розениор пристигна на средина од сезоната и немаше соодветна предсезона. Да потсетиме, Челзи има една победа во последните 6 натпревари во Премиер лигата.
Борусија Дортмунд и Себастијан Кел меѓусебно го раскинаа договорот за соработка. Оваа одлука едногласно ја донесоа раководството на Дортмунд и поранешниот спортски директор. „Во отворена дискусија, Себастијан Кел, [извршниот директор] Карстен Крамер и јас дојдовме до заеднички заклучок дека летото е вистинско време за промени. За да им дадеме време на двете страни да се подготват, заеднички се согласивме веднаш да го раскинеме договорот на Себастијан“, објасни извршниот директор за спорт на клубот, Ларс Рикен. Кел го водеше професионалниот играчки оддел во Борусија Дортмунд од 2018 година. Во летото 2022 година ја презеде функцијата спортски директор, а под негово водство,…
Македонската ракометна репрезентација ќе ја има Словачка за ривал на патот кон пласман на Светското првенство 2027 година. Украина имаше отворен пат кон баражот, водеше убедливо на денешниот реванш на гостински терен (имаше предност и од шест гола), на крајот Словаците се вратија во егал и загубија минимално, 31-32. Првата средба Словачка ја доби со три гола разлика (27-24). Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе се борат за десетото учество на Мундијалите, осмо по ред. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на гостински терен во Словачка (13/14 мај), додека реваншот се игра во Скопје (16/17 мај).
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го имаше првиот собир со нашите репрезентативци во пресрет на дуелот со Данска во првиот бараж меч за пат на Мундијалот ова лето. Седлоски во Скопје пречека дел од повиканите репрезентативци кои вчера завршија со своите клупски обврски, а добар дел од оние кои се уште не се пристигнати, ќе ја комплетираат репрезентацијата во текот на утрешниот ден. Во Скопје веќе дојдоа Мусовски, Херера, Дориев, Елмас, Барди, Чурлинов, Зајков, Костадинов, Стојчевски… Попладнево националниот тим ќе го има и првиот тренинг, за веќе од утре селекцијата да продолжи да работи комплетна. Нашиот…
