Македонската атлетика доби нов историски ден на Национално првенство и Куп натпревар на 10.000 метри кое се одржа викендов. Двајца наши атлетичари испишаа нови страници во историјата на македонската атлетика, откако покрај Дарио Ивановски кој постави и нов национален рекорд кај сениорите, истото го стори и Дарија Крстевска која победи во категорија на сениорки, но постави нов национален рекорд во категорија на атлетичари до 20 години. Таа патеката ја истрча за 40:14.11 минути, што е подобрување на националниот рекорд во младинска категорија за над 2 минути и 30 секунди.
Author: saso
Утрово во хотелот Александар Палас селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го имаше првиот собир со нашите ракометарки. Ракометарките ќе се подготвуваат за претстојната ЕХФ недела во која не очекуваат квалификациски натпревари со репрезентациите на Германија и Словенија во рамки на петото и шестото коло од квалификациската група. Македонија веќе в среда ја пречекува Германија во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот.
Менаџерот на Наполи, Антонио Конте, би бил заинтересиран за враќање на клупата кај селекцијата на Италија. Конте е еден од кандидатите на потесниот список на Италија, заедно со Макс Алегри и Роберто Манчини. „Газета дело Спорт“ објави дека трансферот на менаџерот на Милан и поранешниот тренер на Манчестер Сити веројатно ќе се покаже како тежок. Кога станува збор за Манчини, постои верување дека тој не тренирал на највисоко ниво веќе многу години. Што се однесува до Алегри, тој се чини дека е заинтересиран да остане кај „росонерите“ и тоа го стави јасно до знаење вчера. Конте, во меѓувреме, е доста…
Фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели изгледа дека ќе избегне дополителна казна и покрај тоа што е обвинет за покажување „тотално непочитување“ откако го турна судијата Сем Барот за време на поразот на Арсенал од Саутемптон во ФА Купот. Мартинели доби жолт картон за својот прекршок, но поранешниот судија од Премиер лигата, Марк Хелси, сметаше дека се извлекол многу лесно. „Судијата Сем Барот досуди слободен удар за Арсенал, Мартинели влезе набрзина и го турна Сем настрана“, изјави тој за „Сан“. „Сега ми е жал, Габриел Мартинели покажа тотално непочитување кон судијата Сем Барот во таа ситуација.“ „Иако Сем ми даде жолт…
Викендов во Будо центарот „Недеви“ се одржа 58-от МТКФ Државен шампионат во традиционално карате во кати, за сениори, јуниори, кадети и деца. Во најсилната, сениорска конкуренција, нов државен шампион стана Матеј Мангаровски, пред Матеј Јарчевски и Андреј Мишиќ кои ги освоија сребрениот и бронзениот медал. Кај сениорките нова државна шампионка е Јана Милевска. Таа зад себе ги остави Берта Милевска и Ангела Богдановска. Кај кадетките златото го освои Камелија Недев, додека кај кадетите шампион стана Александар Зафировски.
Помошникот на Пеп Гврдиола во Манчестер Сити, Жозеп Линдерс, потврди дека играчот од средниот ред Бернардо Силва ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната. „Капитенот е уникатен и не може да биде заменет од друг играч, бидејќи нема други играчи како него. Се надевам дека ќе има добри последни неколку месеци, тоа се само шест недели, и дека ќе се збогува со достоинство. Тој го заслужува сето ова внимание“, изјавил Линдерс. Силва освои шест титули во Премиер лигата со Манчестер Сити. Оваа сезона, тој одигра 43 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи три…
Словенечкaта кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ се повреди минатата недела, а ситуацијата очигледно се влоши. По деталните прегледи од специјалисти, се покажа дека регуларниот дел од НБА сезоната за него е дефинитивно завршен и прашање е дали тој ќе успее да се врати во плејофот. Лука Дончиќ има повреда на тетивата од „втор степен“ и по консултации со лекарите на ЛА Лејкерс и неговиот медицински тим, беше одлучено дека треба да замине во Европа за да добие специјализиран медицински третман. Со оглед на тоа дека станува збор за „делумно кинење на мускулните влакна“, закрепнувањето трае најмалку три до шест недели, па…
Нашиот најдобар атлетичар, Дарио Ивановски, повторно испиша историја! Денеска во рамките на атлетските натпревари од Купот на Македонија на Националната арена во скопје, Ивановски испиша нова златна страница во македонската атлетика – поставувајќи нов национален рекорд на 10.000 метри со феноменално време од 29:07.94 минути. Со неверојатна леснотија, сигурен чекор и шампионски дух, Дарио буквално леташе по патеката – пишувајќи нови стандарди за македонската атлетика. Втрото место му припадна на Димитар Илиев, додека трет на подиумот се најде уште еден наш успешен натпреварувач на долги патеки, Жан Тосев.
Одличен прв ден за македонските таеквондисти на силниот меѓународен турнир „Скопје Опен Г1“, кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Уште на старот освоени се шест медали (по три сребра и три бронзи). Со сребра се закитија Душица Бреслиева, Ведрана Тунески и Ненда Целески, а со бронзи Теодор Стојановски, Антонио Негријевски и Дамјан Василевски. Денеска на програмата се и финалните борби во сениорска конкуренција.
Ракометарите на Охрид сериозно се подготвуваат за реванш четвртфиналето од Европскиот куп. Утре во „Билјанини Изори“ гостува екипата на Олимпијакос, а охриѓани ќе бранат предност од 5 гола остварена на првиот меч. Тренерот Ројевиќ, во очекување на утрешниот дуел вели: „Сигурно дека ништо не е готово. Гледам дека јавноста е позитивно расположена по првиот меч, но оваа предност во модерниот ракомет не мора да значи ништо. Кога се игра со брзо темпо и влогот е голем, овие пет гола можат лесно да бидат надополнети. Олимпијакос минатата сезона ја победи Турда со пет гола на гости, па загуби со четири гола…
