Утрово во хотелот Александар Палас селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го имаше првиот собир со нашите ракометарки. Ракометарките ќе се подготвуваат за претстојната ЕХФ недела во која не очекуваат квалификациски натпревари со репрезентациите на Германија и Словенија во рамки на петото и шестото коло од квалификациската група.
Македонија веќе в среда ја пречекува Германија во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот.

