Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ројевиќ: Предноста не значи ништо, одиме од почеток
    Ракомет

    Ројевиќ: Предноста не значи ништо, одиме од почеток

    sasoBy saso03/04/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Охрид сериозно се подготвуваат за реванш четвртфиналето од Европскиот куп. Утре во „Билјанини Изори“ гостува екипата на Олимпијакос, а охриѓани ќе бранат предност од 5 гола остварена на првиот меч. Тренерот Ројевиќ, во очекување на утрешниот дуел вели:

    „Сигурно дека ништо не е готово. Гледам дека јавноста е позитивно расположена по првиот меч, но оваа предност во модерниот ракомет не мора да значи ништо. Кога се игра со брзо темпо и влогот е голем, овие пет гола можат лесно да бидат надополнети. Олимпијакос минатата сезона ја победи Турда со пет гола на гости, па загуби со четири гола на домашен терен. Имаме многу повреди, дури четворица ќе мораат да играат под лекови или со инјекција. Не тренираме толку силно како минатата недела, очигледен е заморот, но и проблемот со повредите. Не играме само за Охрид, туку и за цела Македонија, затоа што ја претставуваме државата. Имаме добар резултат, но мораме да работиме напорно за да се пласираме во полуфиналето. Немаме преголем ростер, но ќе се обидеме да пружиме силен отпор, со кој ќе ја оствариме нашата цел“, изјави Ројевиќ. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.