Кошаркарите на ТФТ ја добија четвртфиналната „мајсторка“ со екипат ана Златибор Чајетина со 80:90 и обезбедија историски пласман во полуфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата. Вечерва на гостински терен, момците од Тафталиџе покажаа дека се во одлична форма и успеаја да го победат Златибор по вторпат во тримечот и да се пласираат во полуфинален плеј-оф против екипата на Сутјеска.
Ова е уште еден голем успех за македонскиот тим, кој испиша нова страница во својата клупска историја.
Говенс со 23 поени и 8 скока беше прв стрелец, зад него беше Зафиров со 14 поени, Ташовски и Стојанов имаа по 13 поени.

