Ракометарите на Вардар 1961 го освоија осумнаесеттиот трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето беа подобри од Охрид со 23-24. По натпреварот анализа на одиграното направи најдобриот ракометар на турнирот, Јака Малус.
„Финале како финале, секогаш е многу тешко. Има тактика, има се, ама на крај одлучува срцето. Имаме уште месец и половина до крајот на сезоната, уште две цели да ги исполниме. Најважната цел е трофејот да се врати во Скопје, а втората е фајнал-фор на Лигата на Европа. Ќе продолжиме во ист стил до крајот на сезоната, а и во иднина“, изјави Малус.

