Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Вардар во четврток ќе слави 65. роденден!
    Ракомет

    РК Вардар во четврток ќе слави 65. роденден!

    sasoBy saso20/04/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По освоениот трофеј во Купот на Македонија, од РК Вардар денеска ги поканија сите свои навивачи на прослава на 65. клупски роденден, која ќе се одржи во четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плеј-оф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид.

    По тој повод, ракометарите на Вардар ќе настапат во ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар.

    „Подготвуваме и уште многу изненадувања со кои ќе го прославиме овој важен јубилеј на нашиот Вардар! Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16,30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона поддржана од нашите спонзори, а наменета за сите посетители. Затоа ве покануваме да дојдете и да уживате во забавата која воедно ќе биде увертира за спектаклот кој следува. Неизмерна е нашата, а веруваме и вашата радост како навивачи, што по децениите на заедничка борба за клубот, ја имаме честа да го одбележиме овој важен датум од историјата на клубот!

    Ви благодариме што секогаш сте биле тука за клубот и што никогаш не сте ни го свртеле грбот. Ви благодариме за поддршката и за сите заеднички спомени, кои во четврток ќе ги прославиме онака како што доликува и како што го правевме 65 години – Заедно! Кон крајот на јубилејната година најавуваме и документарец, посветен токму на РК Вардар, на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот“, се вели во клупското соопштение.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.