Женската кадетска репрезентација на Македонија ја продолжи победничката серија на Светското училишно првенство во ракомет. Денеска во четвртфиналето против селекцијата на Бразил, нашите млади ракометарки славеа со 19:18 и успеаја да се пласираат во полуфиналето на првенството.
Нашите надежи имаа предност од еден гол (11:10) и на крајот на првото полувреме, а неизвесната битка во вториот дел на крајот заврши среќно за нас. Избраничките на селекторката Вељановска-Новеска успеаја да ја остварат целта и да се пласират во борба за медалите.
Ања Лашкоска постигна 5 гола и беше најефикасна во нашата репрезентација. Ивана Трифуновска постигна 4, додека Рона Мифтари заврши со 3 постигнати гола.

