Македонската машка кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет, откако на последниот натпревар од групната фаза ја победија Саудиска Арабија со 23:11.
Нашите момци уште на стартот го наметнаа своето темпо, цврстата одбрана и одличниот напад на одморот им донесоа позитива од 10:6.
Доминацијата ја завршивме победнички во вториот дел. Нашите кадети до сега имаат максимален скор, четири победи во исто толку одиграни натпревари.
Полуфиналето со Србија се игра утре во салата “Македонско Сонце”.

