Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во Скопје, откако во полуфиналето ја совлада Турција со 30:22.
Нашите кадетки одиграа уште еден неизвесен натпревар, особено што во првиот дел постојано се обидувавме да осттанеме во егал против расположените противнички. На одмор заминавме со 12-12, но во вториот дел дојде до израз нашата одлична подготвеност.
Македонија поведе, па полека ја надополнуваше предноста. Откако веќе дојдовме до голема предност од седум гола ( 28-21), победата беше извесна.
Ивана Трифуноска заврши како најефикасна во нашата репрезентација со 9 погодоци, а одлично издание имаше и Марија Димоска со 4.

