Австриjската репрезентација е нашиот следен противник на СП во ракомет, а селекторот на оваа срепрезентација Алеш Пајовиќ ќе има уште еден проблем пред натпреварите од втората рунда со Македонија, Холандија и Унгарија.
По Никола Билик и Јанко Божовиќ, Пајовиќ остана и без десниот бек Борис Живковиќ за дуелите што следуваат на ова СП.
Живковиќ заработи повреда на рамото на натпреварот против Катар и не беше дел од средбата со Франција, но нема детали за тоа колку ќа паузира.
Австрија има силна репрезентација иако нема да го има бековско трио, но тука се Себастијан Фримел, Тобијас Вагнер, Франко Кастро, Немања Белос, Лукаш Хутечек и останатите, а тоа гарантира дека нема да бидат лесен противник за Македонија и останатите две репрезентации во втората рунда.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра утре во „Арена Вараждин“ од 15:30 часот.

