Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува гостувањето во Словенија кај Тимо Требиње во рамките на Лигата на ЕХФ. Стратегот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека на теренот нема фаворити посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19.
„Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се подготвени подобро од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим“ – вели Бабиќ.
„Од тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман врши одлична работа. Одличен тренер е, тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, страотно брза, казнува од транзиција, добро играат еден на еден и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман“ – вели Бабиќ.

