Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе го одиграат првиот меч во новата сезона во СЕХА лигата која ќе има крајно редуциран распоред.
Во салата „Боро Чуревски“ во Битола од 17.45 часот ќе гостува екипата од Србија, Металопластика, која е аутсајдер во групата во која се уште и ППД Загреб (Хрватска) и Татран Прешов (Словачка).Тренерот на Битолчани Жељко Бабиќ, очекува добар меч и освојување на првите бодови во регионалната конкуренција.
„Металопластика има агресивна одбрана и навситина одлична контра. Добри се во транзиција, станува збор за компактна екипа која има одличен тренер. Ние сакаме да победиме“ – нагласи Бабиќ.

