Ракометарите на Еурофарм Пелистер доцна синоќа загубија на теренот на ППД Загреб со 26 спрема 23 во меч од регионалната СЕХА конкуренција. Нивниот тренер, Жељко Бабиќ, кој од непознати причини го остави на клупата Стипе Мандалиниќ, вели дека домаќинот имал крајно расположен голман.
„ Ашанин беше одличен а неговите одбрани беа клучни. По тој период паднавме, домаќинот нè казнуваше. Мораме да бидеме компактни во текот на сите 60 минути“ – изјави Бабиќ.
Битолчани сега ќе се насочат кон дуелите со Татaбања во рамките на Европската лига.