Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Бабиќ: „Верувам дека сега ќе бидеме подобри за разлика од мечот во Битола“
    Ракомет

    Бабиќ: „Верувам дека сега ќе бидеме подобри за разлика од мечот во Битола“

    risteBy riste14/02/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува првиот предизвик во европската ракометна лига од продолжението на сезоната. Француски Ним е следен предизвик за избраниците на тренерот Жељко Бабиќ кој има проблеми со болни ракометари, сепак верува дека неговиот тим ќе биде многу подобар од оној кој загуби во Битола пред четири месеци.

    „Сигурно дека добродојдени беа натпревари кои ги игравме месецов. Еден од проблемите е што не бевме комплетни и не можевме да вежбаме што подготвивме. Сепак, во секој случај добро е што игравме и тоа ќе ни помогне против Ним. Тие се физички јака екипа, играат многу „еден на еден“ и многу трчаат. Впрочем, играат француско првенство, кое има свои карактеристики. Ние можеби го одигравме најлошиот натпревар против нив во првиот дел на Европската лига. Имаа изразито расположен голман, кој ни даде и три гола, и собра десет одбрани во првиот дел. Со една таква моќна екипа ние немавме шанси. Мислам дека ќе биде овојпат поинаку. Ние сме ментално многу цврсти, спремни и имаме наши шанси. Сепак, мора да бидеме спремни да играме шеесет минути, да бидеме тактички дисциплинирани, фокусирани на задачите, да бидеме цврсти во дуелите и да не заборавиме кои се нивните карактеристики. Сакаме и верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат. Ним е многу цврста екипа, игра „еден на еден“ и во одбрана и во напад. Имаат одлична транзиција, контра од страна на десното крило и одличен голман, кој форсира контранапади. Лесно нè победија во Битола, но потоа се мачеа во групата. Но, тоа се случува кога противниците престанаа да играат кога тие поведоа со 4-5 разлика. Моите играчи знаат дека многу важно е да продолжат да играат ако се случи резултатски пад. Резултатски пад е дозволен, но ментален и тактички пад не смее да ни се случи. Оние кои тоа го задржаа, тој ритам на играње, тие на крајот го стигнаа Ним и играа тесни натпревари до крајот.

    Тоа што имаме добра залиха, не е плус за екипата. Добро е за клубот и за нашата иднина, но екипата поинаку размислува. Во потсвеста екипата знае дека направи голем дел од работата, но тоа не смее да биде крај. Јас имам обврска да ги натерам да размислуваат за следниот натпревар, а не она што се случувало во минатото. Врвниот спортист не размислува што било пред три или пет дена, фокусиран и ангажиран е да го победи следниот натпревар. Ние тоа го покажавме, еве веќе четири месеци сме без пораз. Еурофарм Пелистер ментално е цврст, со силен фокус, и без разлика на постигнатото, ние имаме уште многу да играме. Треба да играме за титули и да оствариме добра позиција во групата, па потоа до каде што ќе стигнеме. Добро е што остваривме големи работи во Европската лига, но сега треба да играме за тоа за што дојдевме. А тоа е да освоиме уште некој трофеј, или можеби два, и да стигнеме што е можно подалеку во Европската лига, бидејќи имаме добра шанса за тоа’, смета тренерот на битолчани

    Покрај утрешниот дуел во Франција. Еурофарм Пелистер до крајот на групата Д на Европската лига ги пречекува Кадетен Шафахузен и АЕК Атина, а ќе гостува во Унгарија кај Татабања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.