По вчерашната ждрепка во Минхен, по која нашќата кошаркарска репрезентација ги доби Словачка, Данска и Норвешка како ривали во претквалификациите за Евробаскетот 2025, денеска со своја оценка на групата се јави селекторот Драган Бајиќ.
„Кои се првите впечатоци после ждрепката, би рекол доста непознати. Навистина, Словачка ни е добро позната, игравме со нив во минатиот циклус од претквалифиакциите за Светскиот Куп. За другите две репрезентации може да се каже дека се непознати за нас. Данска имаше некоја улога во претходните квалификации, и доста работи зависат од тоа со каков ростер ќе има нивниот селектор на располагање. Во разговор со некои мои колеги кои имаа прилика да играат против нив, говорат дека се базираат на брза игра, на една брза кошарка, со доста шутеви кон противничкиот кош. Норвешка, исто така доста непозната, но ќе имаме време да се запознаеме и со нив. За нас е важна работа добро да се подготвиме за првиот “прозорец’. Да се јават на повикот што поголем број на кошаркари. Односно да бидеме комплетни, затоа што само така, мислам дека можеме да бидеме конкуретни“- коментира селекторот по формирањето на претквалификациските групи.

