Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Бајиќ задоволен од подготовките, разочаран од Димитријевиќ
    Кошарка

    Бајиќ задоволен од подготовките, разочаран од Димитријевиќ

    sasoBy saso09/08/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската Федерација заедно со селекторот на сениорската машка репрезентација Драган Бајиќ денеска одржаа прес-конференција во пресрет на натпреварите од втората рунда на претквалификации за Светското првенство 2023.

    Селекторот се осврна на играчкиот кадар со кој ќе располага, како и со играчите кои не можеа да одговорат на неговиот повик.

    „Би сакал да се заблагодарам на раководството на КФСМ за условите кои ги добивме на овие подготовки, како во поглед на тренинзите. Задоволен сум и за пофалба е работата на кошаркарите во овие подготовки како и дисциплината и нивното залагање на тренинзите. Ниеден играч не паузираше повеќе од еден ден, сите имаа желба да се вратат што побрзо и да продолжат со тренинзите. Во поглед на натпреварите, ни беа откажани неколку дуели поради што не бевме во можност да го одработиме тоа што ни беше потребно. Ривалите во овие претквалификации одигра по 5-6 дуели, но без разлика на тоа, ние подготвени ги очекуваме претквалификациите“, вели Бајиќ

    Тој се осврна посебно на недоаѓањето на некои играчи, меѓу кои и на првата ѕвезда во тимот, Ненад Димитријевиќ.

    „Сакам да ја објаснам целата ситуација за да нема дамки околу моето име. Контактирав со него, му кажав дека сакам да биде лидер на оваа репрезентација во следните десетина години. Реков дека е исклучително потребен за да се пласираме во квалификациите. Му реков дека е можно да му дадам одмор понатаму. Јас подоцна имав повик само од неговиот менаџер кој побара Нено да се појави на 28 јули бидејќи имаше тешка задача. Јас поминав преку некои свои принципи, во слична ситуација беше Вајли кој исто така дојде подоцна поради лични проблеми. Несфатливо ми е некој со 23 години да бара одмор, а 36-годишниот Бојан Трајковски доаѓа на секој тренинг и работи како да има 20. Следна работа беше тоа што јас бев известен од луѓето во Федерацијата дека Димитријевиќ нема да се појави на тренинзите. Тој не ме удостои да ми се јави и да ми ги каже причините поради кои не дојде. Ја има македонската јавност да ѝ објасни“, рече Бајиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бостон го преживеа четвртиот меч

    24/05/2023

    По елиминацијата од Денвер: Леброн размислува за пензија

    23/05/2023

    Јокиќ со нов трипл-дабл го однесе Денвер во големото НБА финале

    23/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.