Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Бајиќ: Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија
    Кошарка

    Бајиќ: Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија

    sasoBy saso02/07/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашиот нацонален тим, Драган Бајиќ, очекувано, не делуваше како задоволен по убедливиот пораз од светскиот првак Шпанија, синоќа на мечот во Сарагоса.

    Тој уште еднаш потенцираше дека на овој меч игравме без помошта на неколку важни играчи.

    „Честитки до шпанскиот состав за победата и благодарност за приемот. Што се однесува до мечот, знаевме дека Шпанија е голем фаворит. Немавме многу време за тренинзи и подготовки, ни недостигаа и четири-пет добри кошаркари. Тоа придонесе да се случи она што се случи. Имаше добри моменти од кои мораме да сме задоволни, имавме и лоши моменти кои треба да ги корегираме ако сакаме да напредуваме. Едноставно, мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанците беа пресудни за да се стигне до ваков резултат. Тимот што јас го водам не е на ова ниво на натпреварување како и Шпанија, можеше да се види дека не се снајдовме на една силно агресивна одбрана. Првата четвртина личеше на нешто, додека имавме енергија, но втората четвртина покажа пресуди борбата за победа предвреме да заврши . Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија што ја имавме. Некои работи што се влечат од минатото и се уште се присутни, тоа нешто мора да смени за да тргнеме напред. Верувам во овие момци, верувам дека ќе бидеме се подобри и подобри, штом ни се приклучат сите кошаркари кои денеска ги немавме во тимот“- изјави Бајиќ на прес-конференцијата по мечот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора

    15/08/2022

    МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката

    14/08/2022

    Денеска во Скопје почнува ЕП за кошаркари до 16 години

    12/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ривера и Али Мухамед заработија суспензии поради допинг
    • Вардар очекува голема поддршка од трибините, цените се симболични
    • Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен
    • Тухел: Хадсон-Одои е на продажба
    • Ачерби си оди од Лацио и сака трансфер во Интер
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.