Македонската кошаркарска репрезентација иако поразена, успеа да се пласира во следната фаза од квалификациите за СП 2023. Синоќа во последното коло во „Јане Сандански“, нашите кошаркари загубија од Словачка. По мечот селекторот Бајиќ даде свое видување на дуелот со Словаците.
„Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно, и чесно ќе се вратиме. Уште еднаш, честитки до сите, благодарност до претседателот Перо Антиќ за довербата. Што се однесува до мечот, тешко е психолошки да го подготвиш тимот за меч за кој знаеш дека можеш да загубиш 20 разкика, а пак да си прв. На овој турнир имавме добра одбрана, но на овој натпревар потфрливме. Немавме однос на терен како на претходните мечеви.Ова е историски за македонската кошарка, да се играат квалификации за СП 2023“, изјави Бајиќ.