Кошаркарите на Милвоки Бакс во текот на ноќта славеа против Атланта со 123:112 и дојдоа на само еден чекор до големото финалето во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада.
Холидеј постигна 25 поени и забележа 13 асистенции додека Мидлтон дојде до 26 поени и 13 скока. За тимот на Атланта, Богдан Богдановиќ забележа 28 поени додека Колинс и Галинари постигнаа по 19. Двата тима мораа да играат без лидерите – Милвоки беше без Јанис Адетокумбо, кој го истегна коленото на четвртиот натпревар од серијата додека Атланта беше без плејмејкерот Треј Јанг.
„Бакси“ кој имаат предност од 3-2 во победи, последен пат биле во таква ситуација во 1974 година. Шестиот меч меѓу Милвоки и Атланта ќе биде одигран во текот на викендот.