Кошаркарите на Милвоки славеа во мајсторката против Бруклин со 115:111 во продолжение и си обезбедија место во конференциското финале на Истокот во НБА лигата.
Во поразениот тим , Дурант забелажа 48 поени а Харден стигна до 22. На спротивниот дел од теренот, Јанис Антетокумбо со 40 поени и 13 скокови беше најдобриот поединец на паркетот.
Милвоки во конференциското финале ќе игра со победникот од пресметката Филаделфија – Атланта. Мајсторката меѓу двата тима ќе биде одигран в понеделник во 02.00 часот на теренот на Филаделфија.

