Сопственикот на кошаркарскиот состав Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, повторно покажа дека располага со огромен извор на ресурси кои ќе ги насочи во битката со корона-вирусот.
Тој заедно со неговата сопруга, Кони преку групата – „Балмер“ која редовно организира добротворни настани, ќе донираат 25 милиони долари за да им се помогне на луѓето кои се погодени од пандемијата. Парите ќе одат во Сиетл, Лос Анџелес и Мичиген.
10 милиони долари ќе бидат наменети за Универзитетот во Вашингтон кој работи на откривање на вакцина против вирусот.