Мо Бамба ќе добие шанса да се пробие во првиот тим на Њу Орлеанс Пеликанс. Центарот (26 години, 213 см) се откажа од ангажман во Јута откако беше трејдуван од Клиперс.
Бамба во сезонава има просек од 4,6 поени, 4,3 скока и 1 блокада. Претходно беше објавено дека кошаркарот остатокот од сезоната ќе го помине во вториот состав на Пеликанс, но, сега ќе добие можност да се покаже во ротацијата на главниот тим.
Бамба имаше просек од 21 поен, 14,5 скока и 1,8 блокади на четири натпревари во Г-лигата.

