Паоло Банчеро прикажува одлични партии во континуитет кон крајот на сезоната во најсилната светска кошаркарска лига.
Играчот на Орландо дојде до најмалку 30 поени во серија на четири натпревари во НБА лигата. Тој на мечот со Шарлот имаше 32 коша, 7 скокови и 6 асистенции.
Статистиката вели дека Банчеро имаше 24 шутеви од поле а погоди 13, од осум обиди имаше две тројки а од линијата за слободни имаше четири погодени од шест удари.

