Екипата на Баскет Кам 2011 успеа да ја одбрани титулата во кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, во реприза на ланското финале, затоа што славеше над Бадел 1862 по продолженија 64:61, откако во регуларниот дел беше 58:58.
На стартот на средбата Бадел играше подобро и ја саврши првата четвртина со (19:13). Но, Баскет Кам се врати во игра со одлична втора четвртина која ја завршија со убедлива предност од 11:24 и на полувреме заминаа со пшредност од (30:37).
Во продолжние од натпреварот се играше изедначено, а на крајот од регуларниот дел немаше победник, па мораше да се игра продолжение во кое подобро се снајде екипата на Баскет Кам 2011 и го освои Купот на Македонија во женска конкуренција.