Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Џими Батлер, кој заработи повреда на мечот со Лос Анџелес Клиперс, вели дека ќе биде добро. Неговата реакција на теренот за момент ги вознемири фановите на трибините.
„Беше болно, многу болно. Не сум премногу загрижен. Знам дека ќе бидам подготвен за наредниот натпревар“ – рече Батлер.
Тој на мечот со Клиперс одигра 48 минути и постигна 30 поени, 1 скок и 9 асистенции. Неговиот тим за два дена го чека дуел против Мемфис во плеј-ин во НБА лигата.

