Евролигата од денеска до недела завршува со Ф4 турнирот во Белград на кој ќе го добиеме новиот европски кошаркарски клупски првак. Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе влезат во битка за европскиот трофеј, откако денеска ќе ја почнат финалната битка со полуфиналните средби.
Во првото полуфинале Жалгарис и Фенербахче ќе излезат едни против други од 18 часот. Шарунас Јасикевичиус го направи Жалгирис најголемо изненадување оваа сезона во Евролигата со пласманот во финалната рунда. Местото на Литванците во полуфиналето беше целосно заслужено по победите над големите имиња, особено над Олимпијакос во четвртфиналниот плеј-оф дуел.
Фенербахче заврши втор во регуларната сезона на Евролигата и ја елиминираше Басконија во четвртфиналето. Во второто полуфинале ќе гледаме извонреден дуел меѓу големите фаворити за тронот, ЦСКА Москва и Реал Мадрид. Дуелот тргнува од 21 часот и ќе биде дуел на двата тима со најдобар напад оваа сезона.
Натпреварот за 3. место и големото финале се на програмата в недела.