Ракометарот на Австрија, Немања Белош, не крие дека е презадоволен од досегашните настапи на Европското во Германија. Неговата селекција вчера ја совлада Унгарија со 30:29 и го задржа курсот кон елиминацискиот дел.
„Како што го започнавме првенството во групата така продолживме и тука. Иако имавме проблеми со повредени, момците се неверојатни а атмосферата е одлична. Играме без притисок. Ние самите се чудиме како се одвиваат позитивно настаните“ – вели Белош.
„ Јас сум нов во репрезентацијата и бев одлично примен. Се надевам дека ќе добијам шанса на теренот и дека ќе и помогнам на репрезентацијата“ – потенцираше Белош.