Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Патрик Беверли, вели дека е задоволен во клубот и дека нема намера да замине во НБА лигата иако имал понуди да се пресели преку „големата бара“.
„Имам одлични соиграчи и тренер кој ми верува. Не треба да ја форсирате играта знаејќи дека ќе имате одредена минутажа на теренот. Ми се допаѓа тука“ – вели Беверли.
„Ме прашуваат кога ќе се вратам. Неколку тимови од НБА ме исконтактираа. Сепак тука се чувствувам одлично“ – изјави играчот на израелскиот состав.

