„SIGAL-UNIQUE“ – Балканската кошаркарска лига го покажа официјалното лого на завршниот фајнал-фор турнир.
Завршницата на јубилејната десетта сезона ќе биде во Бугарија во арената во Самоков или токму на местото на кое беа реализирани првите мечеви за вредните трофеи кога стартуваше регионалната конкуренција. Полуфиналните мечеви ќе бидат на 14 април а таму сигурно ќе учествуваат домаќинот Рилски спортист и нашиот состав Блoкотехна .
Другите два полуфиналиста ќе ги дознаеме по мечевите: Левски Лукоил – Тирана и Академик – Башкими.