Поради строгите Ковид-протоколи во Израел кои се активни до 20. март, БИБЛ мораше да направи неколку промени во распоредот за натпреварите на Хапоел Гилбоа Галил и Хапоел Холон.
Тоа значи дека за средбите на израелските екипи во „светата земја“ се одредени нови термини и затоа ќе дојде до корекција на првичниот распоред.
Сега со новото наметнато темпо, Хапоел Холон кој денеска ќе гостува кај Куманово ќе треба да одигра четири меча во рок од само две недели.