Ракометарите на Еурофарм работник се израдуваа на првата историска победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен беа подобри од финскиот состав Кокс со 31 спрема 30.
Во крајно драмтичен и изедначен меч победникот беше решен во самиот финиш кога Митревски одбрани пенал а Олјески успеа да погоди од седум метри. Веднаш потоа домашниот голман ги собра сите аплаузи откако го одбрани и последнито шут на гостите. Во победничкиот тим се издвои Остроушко со осум погодоци додека Ојлески постигна пет. Граџан го заврши мечот со четири реализации. Веднаш по средбата тренерот на нашиот тим, Стевче Алушовски, не го криеше задоволството.
„Нам ни е судено да играме во првото и да водиме а потоа да им дозволиме на противниците да се вратат во игра. На крајот имавме повеќе среќа и конечно победивме. Би сакал да им честитам на моите ракометари за првата историска победа. Немаше да биде незаслужено ако и гостите запишеа реми на денешниот натпревар“ , рече Алушовски откако „Фармацевтите“ ги обезбедија првите бодови во групната фаза. Тие во наредниот меч повторно ќе бидат домаќин и тоа на Татран Прешов.