Еурофарм Пелистер денеска ќе му гостува на Ним во рамките на 7. коло во групата Д во ЕХФ Европската ракометна лига.
Тренерот, Жељко Бабиќ, за средбата од 18.45 часот остана без неколку стандардни играчи. Матео Мараш и Немања Обрадовиќ се позтивни на ковид-19 и останаа во Битола. Црногорецот Мирко Радовиќ е во процес на рехабилитација додека репрезентативецот на БиХ, Јосип Периќ е болен.
Пред денешните мечеви, Французите се лидери на табелата со бод предност пред нашиот тим. Спортинг го има третото место.