Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги прокнижија првите бодови на стартот на новата сезона во СЕХА лигата.
Избраниците на Бабиќ денеска во Битола славеа против српскиот состав Металопластика со 30 спрема 26 иако гостите имаа предност по првиот дел. Кај домаќинот најпрецизен беше Периќ со осум голови пред Мандалиниќ со шест, Стјепановиќ со 5 и Кушан со 4.
Во редовите гостинскиот тим во поглед на реалзиација се издвои Бабиќ со седум голови додека Иваниќ, Тодоровиќ и Брајовиќ постигнаа по четири.

