Нашиот ракометен вице-првак, Еурофарм Работник, од денеска ќе го започне настапот на силниот меѓународен турнир – „Добој 2019“ кој се одржува во Босна и Херцеговина.
Македонскиот состав кој се подготвува за дебитантската сезона во Лигата на шампионите и во СЕХА конкуренцијата, ќе биде во групата „А“ заедно со Пекинг Универзити (Кина), Кринс (Швајцарија) и домаќинот Слога. Нашиот тим првито меч ќе го одигра вечер од 21.00 часот против Швајцарците. Во Група Б ќе се играат: Татран (Словачка), Шартр (Франција), Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Војводина (Србија).
51-то издание на традиционалниот ракометен турнир во Добој има одличен награден фонд. Победникот ќе добие 10 илјади евра, второпласираниот 7.500 а екипата која ќе го освои третото место ќе биде наградена со 5 илјади евра.