Кошаркарот од Србија, Немања Бјелица, нема да се врати во Европа туку ќе остане НБА лигата во дресот на Сакраменто Кингс.
Наводно првиот човек на „кралевите“, Владе Дивац, и неговиот помошник, Предраг Стојаковиќ, успеале да убедат искусниот играч да остане во САД. Тамошните медиуми пренесоа дека Бјелица за тригодишен догвор ќе добие 20,5 милиони долари.
Српскиот ас изминатите три сезони ги помина во таборот на Минесота Тимбервулвс по што го откажа договорениот едногодишен договор со Филаделфија бидејќи сакаше да се врати во Европа. Бјелица во Сакраменто ќе настапува со неговиот сонародник, Богдан Богдановиќ.