Како дебитанти, кошаркарите на Блокотехна денеска ќе играат во полуфиналето на регионалната кошаркарска БИБЛ лига. На Ф4 турнирот во Самоков, Бугарија, гевгеличани против Левски ќе се обидат во своето прво учество да стигнат и во големото финале.
Како домаќини на финалниот тунири, кошаркартите на Рилски Спортист би требало да го потврдат местото во финалето затоа што и денеска се големи фаворити на пресметката со Башкими. Гевгеличани го имаат тренерот Марјан Илиевски, кој во 2015 година со Сигал Приштина ја освои БИБЛ.
Денешното прво полуфинале се игра од 14 часот, а во него ќе се сретнат Блокотехна и Левски, додека во 17.30 часот е закажан вториот полуфинален меч меѓу Рилски Спортист и Башкими.