Тренерскиот штаб на кошаркарската репрезентација на Србија ја објави листата на кошаркари кои ќе бидат дел од тимот кој ќе ги продолжи септемвриските квалификации за СП 2019.
Меѓу шеснаесет повикани играчи се најдоа и кошаркарите на Сакраменто, Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ, но ги нема оние кои настапуваат за ЛА Клиперс, Теодосиќ и Марјановиќ.
За време на есенските квалификации, Србија ќе игра со Грција на 13 септември и против Естонија на 16 септември.