Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски ја завршува професионалната кариера и од денеска е нов извршен директор на РК Вардар. На денешната прес-конференција пред стартот на новата сезона, досегашниот претседател Михајло Михајловски најави дека се повлекува од сите функции во клубот и истиот го остава во рацете на нови, проверени имиња.
Покрај Ристовски на денешната прес-конференција беше промовиран и Емил Угриновски како нов претседател на неизвршните директори, а во нова позиција ќе биде и Стојанче Стоилов, кој играчката кариера ја заменува со тренерската. Тој во иднина ќе биде асистент на Недановски и кординатор на младинските школи.
Ристовски најави дека првична цел како нов извршен директор на клубот ќе му биде стабилизација на клубот, и играчки и финансиски.