Ракометарите на Вардар вчера успеаја да направат голем подвиг обезбедувајќи победа над европскиот вицешампион Алборг во Скопје со што по три кола во ЛШ нанижаа две победи и едно реми за лидерско место во групата. Еден од најзаслужните за триумфот, голманот Борко Ристовски, по мечот вака го прокоментира триумфот над Данците.
„Сум кажал повеќе пати, не ми се важни одбраните, важни ми е што победивме. Во претходните натпревари Мартин беше неверојатен, тој е млад голман, го чекаат уште многу вакви натпревари. Сите сме тука да му помогнемен а Вардар. Кога говорам за мечот, доста тежок натпревар. Можеби од трибини не изгледаше така, ама Алборг е технички и тактички подготвена екипа. Кога се ќе се собере и одземе, ова е еден убав почеток на една сезона. Не чекаат уште натпревари, така што мислам дека не треба да се залетуваме и да одиме чекор по чекор понатаму“, изјави Ристовски.

