Голманот Борко Ристовски го продолжи договорот со македонскиот шампион Вардар за уште една сезона и ќе биде на голот на “црвено-црните” до 2023 година. Ристовски се врати пред две години во Вардар, од португалската Бенфика и донесе сигурност на голот на македонскиот шампион.
Искусниот чувар на мрежата, продолжува да го носи дресот на Вардар откако претходно настапуваше во Франција, Германија и Шпанија во клубови како Барселона, Рајн Некар, Кретеј, Гумерсбах. На домашна сцена го чуваше голот на Македонија, Југ и Металург.
Во моментов покрај Ристовски, актуелни договори со Вардар имаат Мартин Томовски и Васил Гогов, па македонското трио ќе биде на голот на Вардар и наредната сезона.