По нивното враќање во редовите на „црвено-црните“, новите засилувања за Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски го имаа првиот тренинг со екипата.
Покрај загревањето, фокусот на тренингот на екипата повеќе беше посветан на физичката подготовка. Искусниот голман на нашата репрезентација Борко Ристовски веднаш почна со работа под надзор на тренерот на голманите Дејан Периќ.
На Марко Мишевски му е добро позната оваа екипа, тој пред само неколку месеци беше дел од овој тим на Вардар со кој ја освои и шампионската титула во ЕХФ – Лигата на шампионите.
ФОТО: РК Вардар