Црногорскиот интернационалец и поранешен ракметар на Вардар, Вуко Борозан кариерата ќе ја продолжи во Катар.
Борозан потпиша договор на две години со Ал-Араби од Катар. Претходните две сезони тој настапуваше во Веспрем, а беше дел од Вардар кога црвено-црните ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017.
Со Вардар и трипати се радуваше во СЕХА лигата, а во 2017 година беше прогласен за најдобар ракометар во Црна Гора.